Танкерот „Pacific Zircon“ погоден е со проектил близу брегот на Оман, причинета е помала штета на трупот на бродот но нема повредени и нема излевање на нафтата, соопшти во средата компанијата „Eastern Pacific Shipping“ која управува со пловилото/
Компанијата, чиешто седиште е во Сингапур а чиј сопственик е израелскиот милијардер Идан Офер, соопшти дека го истражува инцидентот кој се случил на околу 150 наутички милји од брегот на Оман. Целиот екипаж е згрижен на безбедно место и е испрашан, се додава.
„Првите извештаи покажуваат дека бродот е погоден со проектил. Има помала штета на трупот на бродот, но не дојде до излевање на товарот или продор на вода“, соопштија од „Eastern Pacific Shipping“.
Петтата флота на американската воена морнарица изјавила за Reuters дека е запознаена со инцидентот со комерцијално пловило во Оманскиот залив, но командантот Тимоти Хокинс не изнел повеќе поединости.
Во водите на Оманскиот залив последните години беа пријавувани напади врз танкери во текот на зајакнатите регионални тензии со Иран. Во јули 2021 година, наводно со дрон, е погоден танкер со нафтени деривати со кои управуваше израелска компанија близу брегот на Оман. Иран тогаш ја отфрли одговорноста.
Агенцијата Associated Press прв извести во средата за најновиот инцидентот. Цитираше функционер од одбраната кој рекол дека нафтениот танкер, кој пловел под знамето на Либерија, е погоден во напад со дрон кај Оман.
Според интернет страницата за следење на бродовите MarineTraffic, танкерот „Pacific Zircon“ последен пат бил забележан близу оманскиот брег Лива во понеделникот утрото. Испловил од Сохар кон аргентински Буенос Аирес во понеделникот попладне.