Два големи танкерa со нафта се запалија во петокот откако се судрија во близина на Сингапур, најголемото пристаниште за горива во светот, а двајца членови на екипажот со хеликоптер се пренесени во болница, а другите се спасени со чамците за спасување, соопштија властите и еден од сопствениците на танкерот.
Сингапур е најголемиот трговски центар за нафта во Азија и најголемото пристаниште за складирање гориво во светот. Околните води се клучни водни патишта меѓу Азија и Европа и Блискиот исток и припаѓаат на една од најпрометните глобални поморски патишта.
Танкерот „Hafnia Nile“, кој плови под знамето на Сингапур, и танкерот „Ceres I“, кој плови под знамето на Сао Томе и Принципе, се лоцирани на околу 55 километри североисточно од островот Педра Бранка во Сингапур во источниот пристап кон Сингапурскиот теснец, соопшти Поморската и пристанишната управа на Сингапур (MPA).
Пронајдени се 22 членови на екипажот на бродот „Hafnia Nile“ и 40 членови на екипажот на бродот „Ceres I“, објави MPAА.
Сопственикот на „Hafnia Nile“ потврди дека бродот учествувал во судир со кинескиот „Ceres I“.
На фотографиите од морнарицата на Сингапур, може да се види густ црн чад како се издига од еден танкер. Еколошките власти во соседна Малезија соопштија дека им било кажано да се подготват за потенцијално излевање на нафта.
Норвешката компанија „Gard“, еден од осигурителите на „Hafnia Nile“, изјавила за Reuters дека е премногу рано да се процени какво влијание ќе има судирот врз животната средина.
„Немаше пречки во навигацискиот сообраќај, иако моментално не се знае статусот на бродовите или загадувањето“, изјавил портпаролот на Меѓународната поморска организација на ОН (IMO) додавајќи дека спасувачката екипа е на пат кон местото на несреќата.
Товарниот танкер „Hafnia Nile“, со капацитет од 74.000 тони, превезувал околу 300.000 барели нафта, според податоците за следење на бродовите на „Kplera“ и LSEG.
Бротот „Ceres I“ е огромен супертанкер што носи сурова нафта, а според компаниите за следење на бродови, тој носел околу два милиона барели иранска сурова нафта.