Танзанискиот претседате Џон Магуфули, сомневајќи се во веродостојноста на странските тестови на коронавирусот, наредил наместо луѓе тајно да се тестираат овошје и животни и откако тие покажале позитивни резултати, тестовите ги прогласи технички неисправни.
Магуфули, чијашто влада е критикувана од меѓународната заедница, бидејќи наводно криел податоци за бројот на заразените со коронаворусот и своите сонародници ги повика против болеста Covid-19 да се борат со молитви, рече дека тестовите се технички неиспрани, бидејќи се поажало дека на вирусот се позитивни плод на папаја, коза и овца.
Појасни дека од танзаниските безбедносни лужби побарал да го проверат квалитетот на тестовите. Тие по случаен избор земале примероци кои не потекнувале од луѓе, туку од папаја, кози и овци. Имено, на примероците се наоѓале имињата и годините на раѓање на повозрасни лица, па ниту лабораториските техничари не се посомневале.
Претседателот Магуфули изјави дека смета оти, имајќи предвид дека на Covid-19 биле позитивни и папаја и коза, тоа значи дека тестовите се технички неисправни, бидејќи покажуваат деак и меѓу луѓето има такви кои биле позитивни а всушност немале вирус.
„Тука нешто сомнително се случува. Порано реков дека мораме да бидеме свесни за тоа дека за оваа земја не е добра секоја помош што ни ја испраќаат од странство“, рече Магуфули.
Во соопштението на министерството за здравство се истакнува дека министерот формирал комисија од десет лица, којашто ќе ги истражува постапките на вработените во лабораторијата и до 13-ти мај ќе ги достави резултатите од исттагата.
Според последните податоци на танзаниското министерство за здрвство, кои се објавени минатата среда, во земјата има 400 потврдени случаи на зараза со коронавирусот, од кои 167 пациенти оздравеле а 16 починале.