10.8 C
Skopje
вторник, септември 24, 2024

Тапанарот на „Ролинг Стоунс“ е итно опериран, морал да се откаже од турнејата во САД

Тапанарот на познатиот бенд The ​​Rolling Stones, Чарли Вотс, бил итно опериран и морал да се повлече од турнејата во САД, пишува The Sun.

Чарли бил опериран во Лондон и постапката била успешна. Неговите здравствени проблеми биле откриени при рутинска проверка на сите членови на бендот. На 80-годишниот тапанар ќе му требаат неколку недели за да се опорави.

Бендот закажал турнеја во САД, која треба да започне следниот месец. Чарли се пошегувал на своја сметка за ова.

„Барем еднаш, мојот тајминг е малку лош“, рече тој по операцијата. Чарли на турнеја ќе биде заменет со тапанарот Стив Џордан.

“Работам за да се вратам во форма, но морам да ги послушам советите на експертите кои рекоа дека може да потрае. По сите разочарувања од одложувањето на турнејата поради ковид, не сакам фановите на бендот во САД кои имаат билети да доживеат повторно откажување и го замолив мојот пријател Стив Џордан да ме замени “, објавил Чарли.