Тарабт е најновата аквизиција на Кларенс Сидорф

Репрезентативецот на Мароко, Адел Тарабт, во текот на утрешниот ден и официјално ќе биде претставен како најнова зимска аквизиција на италијанскиот калчо гигант Милан.

Одличниот играч за врска е во споственост на англискиот второлигаш Квинс Парк Ренџерс, а во следните шест месеци ќе настапува како позајмен фудбалер на „Сан Сиро”.

„Многу сум среќен. Ова е голема чест, ќе играм за најголемиот клуб од Италија. Веќе разговарав со тренерот на Милан, Кларенс Сидорф. Ми кажа дека ме чека. Со нетрпение го очекувам моето деби во италијанската Серија А. Можам да играм на сите позиции кога е во прашање нападот. Балотели? Лично не го познавам, но чест е да се игра покрај толку голем фудбалер. Можам да ветам дека ќе го дадам максимумот на секој натпревар и се надевам дека ќе има многу радосни моменти со најверните фанови на Милан”, изјави 24-годишниот офанзивен играч за врска.