Познатиот холивудски режисер Квентин Тарантино (56) и неговата сопруга Даниела Пик (35) го очекуваат своето прво дете, пишуваат американските таблоиди.
-Даниела и Квентин со голема радост можат да потврдат дека го очекуваат своето прво дете – изјави портпаролот на реномираниот режисер за списанието „Пипл“.
Веста дека славната двојка очекува принова дојде девет месеци по венчавката.
Минатиот ноември Квентин и Даниела решија да стапат во брак по деветгодишна врска. Тие организираа интимна еврејска церемонија во Лос Анџелес за семејството, најблиските пријатели и соработниците.