![Arben-Taravari](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/08/Arben-Taravari.jpg?resize=634%2C414&ssl=1)
Генералниот секретар на Алијансата за Албанците (АА), Аребен Таравари, денеска на прес- конференција во Гостивар, се осврна на именувањето на Љубомир Фрчкоски за амбасадор на Северна Македонија во ОН во Њујорк и побара од претседателот државата Стево Педаровски да го повлече указот.
– Овој указ низ мрак на претседателот Пендаровски е невиден дипломатски скандал и навреда за повеќето граѓани, од повеќе причини. Првата се однесува на политичкиот ангажман и длабоко антиалбанскиот пристап на Фрчкоски. Како идеолог на СДСМ и поранешен министер за полиција ги користеше истите методи на прислушување како Груевски и беше сценарист на масакрот на Бит Пазар, аферата со оружје и многу други епизоди на газење на Албанците, за кои никогаш не е одговорено, оцени Таравари на прес конференцијата во седиштето на огранокот на АА.
Според него, Фрчкоски е албанофоб и непожелен во САД.
– Затоа го повикуваме претседателот Пендаровски, ако по секоја цена сакаат да го направат Фрчкоски амбасадор, единственото место каде што овој поединец би бил прифатлив е Путиновата Москва, но во никој случај престолнините на нашите западни сојузници, рече Таравари.