Таравари и Хасани спротивставени за бројот на вакцините

Судир на „Патот кон …“ на Алсат помеѓу заменик министерот Хасани и поранешниот министер за здравство Таравари. Вториот обвини дека Македонија преку системот КОВАКС не нарачала 800 илјади вакцини, туку околу 103.200. На што реагираше Хасани.

„За вистински информации, навистина се нарачани околу 800 илјади вакцини, можам да го потврдам ова, преку информациите што ги имаме. Тука не може да има никакви манипулации и шпекулации. Но, 20 проценти пристигнуваат во првиот квартал … Дозволете ми да објаснам дека се нарачани 800 илјади вакцини, но 800 илјади вакцини никогаш не пристигнуваат одеднаш, бидејќи има динамика на дистрибуција. Има околу 20 илјади до 40 илјади што треба да го достигнат првиот квартал, што паѓа некаде во март“, рече Хасани.

Екс министерот Таравари возврати со аргумент дека динамиката предвидена преку системот КОВАКС значи дека Македонија ќе го заврши процесот на вакцинација до крајот на 2022 година.

„Многу е едноставно, само отворете го системот КОВАКС на Интернет и ќе видите колку вакцини се резервирани за Македонија во 2021 година, резервирани се 103.300 вакцини“, рече тој и додаде:

„Сега дистрибуцијата како што е, 15 проценти од овие 103200 вакцини пристигнуваат во првиот квартал, 56 проценти пристигнуваат во вториот квартал од 2021 година, а другите 29 проценти пристигнуваат во втората половина на 2021 година. Според анализата на лондонскиот весник „Економист“, можам да го обезбедам тоа за вас и веднаш да го отворам тука, Македонија мора да ја заврши вакцинацијата на крајот на 2022 година“, рече Таравари.