Таравари: На изборите гласаа починати лица, но и граѓани кои се надвор од Македонија

Градоначалникот на Гостивар и член на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари за емисијата „Топ тема“ изјави дека тие како коалиција поднеле 150 приговори за изборниот процес, кои експресно биле одбиени од ДИК.

„Имаме конкретно имиња на луѓе кои во моментот не биле во Македонија, меѓутоа и имиња на лица кои што починале, а е регистрирано дека гласале. Нека земат едно избирачко место во Зајас и нека ја отворат избирачката кутија, ако се сите луѓе присутни од тие што гласале, тогаш ние како коалиција за 5 минути ќе излеземе, ќе го прифатиме изборниот резултат и ќе ѝпонудиме на ДУИ, нашите 12 пратеници да ѝстојат на располагање цел мандат од 4 години. Ние баравме избори, а не крадење“, смета Таравари.