Министерот за здравство Арбен Таравари на во четвртокот за новинарите потврди дека во текот на денот потпишал десетина решенија за нови директори на јавни здравствени установи во Скопје и во другите градови, ни истакна дека д-р Катерина Ставриќ е нов директор на Универзитетската клиника за детски болести во Скопје.
Таа доаѓа на местото на Аспазија Софијанова за која имаше големи притисоци да остане на позицијата.
Таравари информираше дека нови директори ќе добијат клиниките за педијатрија, дигестивна хирургија, максилофацијална хирургија…, Институтот за трансфузиона медицина, Клиничката болница Битола, општите болници во Кавадарци и Велес, како и неколку здравствени домови.