Таравари потврди: Имаше разговори да бидам претседателски кандидат, но не сум заинтересиран

Претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари во куса изјава за МИА ја потврди дека партиите од албанската опозиција му предложиле тој да биде нивен кандидат за претседател на претстојните избори, но истакна дека тој не е заинтересиран.

-Албанската опозиција има разговарано со мене јас да бидам претседателски кандидат, но јас не сум заинтересиран, рече Таравари.

Претседателот на Движењето Беса и градоначалник на Општина Тетово, Биљал Касами во синоќешното гостување во емисија на Радио Телевизија Косово нагласи дека е разговарано со претседателот на Алијансата за Албанците Арбен Таравари тој да биде претседателски кандидат.

-Да, разговарано е со Таравари да биде претседателски кандидат и се гледа како соодветен албански кандидат на овие избори, потенцираше Касами.