Таравари против Заев: Жал ми е за него, само ги повторува лагите

Во пресрет на состанокот на раководството на Алијансата за Албанците во недела во гостиварско Дебреште, на којашто според најавите челникот Зијадин Села ќе објави дека партијата ќе истапи од владата предводена од СДСМ или, пак, под влијание на меѓународниот фактор ќе продолжи да партиципира во владејачкото мнозинство но без одговорност, поранешниот министер за здравство од редовите на Алијансата и актуелен градоначланик на Гостивар, Арбен Таравари, на својот фејсбук профил остро го нападна премиерот Зоран Заев.

 

Заев во петокот вечерта во емисијата „Ноќно стидио“ изјави дека Алијансата на Албанците нема да го добие Министерството за здравство, бидејќи предлозите за министри се веќе испратени во Собрание. Предлогот на СДСМ, е Венко Филипче. Премиерот, притоа, истакна дка здравството на почеток припаднало на оваа партија заради Арбен Таравари, но него веќе го нема.

„Ова е една изјава која сум принуден да ја кажам заради еден смешен рефрен кој се повторува често пати како оправдување од страна на премиерот Зоран Заев.

Заев кажа дека Минситерството за здравство е дадено на Алијансата поради мене како личност. Кога го слушнав ова првпат, ми дојде многу жал за него. Поради недостаток на реално оправдување за насилното одземање на Минисертсвото за здравстсво тој прати една незрела вест.

Смешно! Кога видов дека кутриот премиер го повторува тоа неколку пати и повторувајќи ги неколку пати лажните (псевдо) аргументи, жалосно-смешно! На ова оправдување на Заев не верува ни едно петгодишно дете.

Сигурно е дека ова министертво и е дадено на Алијансата бидејќи без оваа партија немаше да има Влада. Се сеќавате ли како дојде до ова? Беше тоа време кога во Парламентот крвареше Зијадин Села и без никаков сомнеж јас бев избран од Алијансата да го водам Министерството за здравство.

Заради тоа вие не можете да го убедите народот и да се однесувате инфантилно.

Кој ве натера да го свртите кавалот господине Заев? Почнавте и вие да ги делите министертвата на тие кои плачат повеќе или имате некое дете во коалиција што се лути на нас и не не сака?

Жал ми е за Владата

Арбен Таравари

пс. Дали некогаш сте се запрашале што имате заедничко со Груевски?

Јас ќе ви кажам: Само Али Ахмети

Интересно..Како е возможно????“, пишува Таравари на својот Фејсбук профил.