
Јохан Тарчуловски говореше за придобивките од програмата „Проверено“, а посебен акцент стави на фактот што во неа има место буквално за секого.
„Јас сум прв претседател на УМС во Бутел. Кога се случи ситуацијата кога бев осуден, единствена поддршка и морална сила ми беше премиерот. Тогаш како опозиција, па после и како премиер беше зад мене. Во најтешки моменти кога се срамеа другите да кажат дека ме знаат, премиерот секое време беше тука за мене. Тие негови зборови сите 8 години ми даваа сила во душата зашто знам дека оние со кои сум израснал се зад мене и не ме оставаат. Лојалноста и чесноста се враќаат со добро“, истакна Тарчуловски.
Како што истакна тој, во програмата на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија, има место за секого и дека премиерот посебно на сите целни групи внимава за секој да се најде во програмата.