Градоначалникот на Општина Свети Николе, Зоран Тасев даде отчет за сработеното во изминатите 10 месеци.Како позначајни проекти би издвоил изградба на патни правци во регионот, асфалтирање и реконструкција на улиците, реконструкција на градски стадион.
„Донесовме програма за ослободување од плаќање на комунален надоместок при изградба на производствени капацитети од страна на инвестритори со различни стапки на ослободување од делумно до целосно во зависност од инвестицијата. Првиот резултат од тоа е Холандската И&Д Балкан која започна со изградба на комплекс печуркара со вкупна инвестициона вредност 23 милиони евра и 450 вработувања.Завршено е оградување на училиштето во село Пеширово и црквата во с.Кадрифаково.Извршивме реконструкција на детското одмаралиште во Дојран.Започнавме со изработка на нов ГУП со површина од 700 ха каде се предвидени две елитни населби со околу 350 плацеви, а во тек е изработка на проект за продажба на плацеви ДУП Горобински пат модерно домување со површина на плацевите од 300-1200 м2 според потребите на граѓаните,“ изјави Тасев.
За од утре најави изградба на асвалтно патното поврзување на село Кнежје со локалитетот Бела Зора, а воедно се подготвува посебна програма за локалитетот и геоглифот кој се наоѓа блиску до овој локалитет.
„Идната недела започнуваме со изградба на асвалтно поврзување потег пат Свети Николе –с. Немањици со езерото Мавровица.Започнавме со донесување на ДУП нов градски парк за изградба на комплекс сместувачки капацитет со базент и нова црква.Започнавме со измена на уште 10 ДУП во различни делови на градот.Започнавме со подготовка на елаборат за времена експропријација за идниот ХС Немањици како крак од ХС Брегалница проект кој треба да покрие 900 ха под наводнување за што веќе има изведбен проект со ревизија.Една од инвестициите во кои што сме во преговори со една германска фирма е и рестартирањето на погонот за обработка на овошје и зеленчук што ќе значи и посебен стимул на земјоделското производство на Светиниколе и овчеполието,“ потенцираше тој.