Крајниот ефект е дека ние како контролори за летање како поминуваа годините ја чувствуваме деградацијата на целиот систем поради тоа што луѓето што заминуваа во пензија кои беа професионалци не наследува млади кадри кои се желни да работат ние едноставно добивавме луѓе кои не се заинтересирани за условите и не сакаат да го научат тоа што треба, рече претседателот на синдикатот во М-НАВ, Александар Тасевски во емисијата „За или Против“ на Алфа телевизија.
Тасевски додаде дека не може да се продолжи на ваков начин бидејќи таквиот ефектот на разочарување кај професионалците доведува да тие професионалци се иселат од државава.
Најпрво револтира она што ние со години наназад реагираме и се докажа дека онаа физичка безбедносна во системот за летање е на ниво на незадоволително. Самото тоа што некој може да влезе во кулата претставува безбедносен пропуст. Самиот настан го отплеткува клопчето да се види кој се бил вработен на тие места“, рече Тасевски.
Дциден е дека разрешувањето на директорите треба да е разумен потег на Владата.
„Во овој случај идеме во насока за главните виновници кои доведоа до овој настан и кој е еден од проблемите е разрешен. Поставени се нови раководни лица во М-НАВ“, заклучи Тасевски.