Aктерот Сашо Тасевски на својот фејсбук профил го коментираше денешното пристигнување на вакцините од Ковакс системот.
-Вакциниве ги пречекавте ко невеста од Пустец.
Народна веселба за стар младоженец.
Она кога си преплашен дека ќе останеш неженет за потсмев на цело село и одеднаш ко ќе ти речат, “Најдовме невеста за тебе. Малку е со фалинки, ама невеста е. И наместо два милиони евра (читај: вакцини), во мираз ти носи само 24 илјади, ама земај да не останеш и без нив.”
Особено ЕУ ако ти е стројник, не се одбива. Не ти е по ќеф ни невестава ни миразот, ама ај седи неженет.