Татјана Димитровска e нова претседателка на ДКСК

Пратениците со 97 гласа „за“ на денешната собраниска седница ја изгласаа одлуката за избор на претседател и членови на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК). Претседателка на ДКСК е Татјана Димитровска, дипломиран економист од Скопје и вработена во Државниот завод за ревизија (ДЗР), а членови се судијката во Основниот суд Софија Спасова-Медарска, двајцата досегашни советници во ДКСК Билјана Каракашова-Шулев и Бесник Џемаиљи и ревизорите Зоран Богоевски, Цвета Ристовска и Демири Сервет.

Новата комисија треба да почне со работа на 8 февруари.