Предводникот на каталонскиот гигант Барселона, Херардо Тата Мартино е убеден дека актуелниот шампион на Шпанија не треба да ангажира некој нов фудбалер за време на зимскиот преоден рок.
„Имам доволно силен тим и јас сум убеден дека ќе одиграме одлично до крајот на актуелната сезона со овои фудбалери кои ги имам на располагање. Јас не почуствував некаква промена, некаква разлика кога на располагање ги немав услугите на Виктор Валдез и тие на Лионел Меси. Ние имаме одговор за секоја ситуација без разлика кој фудбалер е повреден. Меси ги одигра сите 90 минути на последните два натпревара и не почуствува никаква болка. Ќе продолжи во истиот ритам. Меси целосно се рехабилитираше од последната повреда, истата веќе е минато,“ изјави поранешниот селектор на Парагвај.