Татко нападнал ќерка со тврд предмет во скопско село. Претходно во сејмениот дом упатил закани кон сопругата и ќерката.
-На 19.10.2024 година во 21.00 часот полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода М.П.(43) од скопско село, поради тоа што претходниот ден (18.10.) околу 22:30 часот во семејниот дом упатувал закани кон неговата сопруга и ќерка, а потоа и физички ја нападнал 19-годишната ќерка, при што употребил тврд предмет, информира МВР.
За настанот бил известен јавен обвинител.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.