
Педесет итригодишен маж и неговиот 21-годишен син им крадејќи дрва се заканувале на шумочувари со пила и остар предмет, па се пресметале со нив.
Инцидентот се случил во петокот околу 10,30 часот на место викано Чешма во Крушево, полициски службеници од ОВР Крушево ги лишиле од слобода таткото Б.К. и неговиот син В.К., двајцата од Крушево, затоа што со пила и остар предмет се заканувале на шумочувари, вработени во Јавното претпријатеи „Македонски шуми“ – Крушево, при што Б.К. повредил еден од нив.
На наведеното место шумочуварите ги затекнале приведените при транспорт на нелегално исечени огревни дрва. Б.К. и В.К. биле приведени во Полициската станица Крушево и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.