Татко и син упаднале во домот на С.А. и неговата невенчана сопруга Н.К. во Велес и физички го нападнале мажот.
Б.И. (45) и неговиот син И.И. (20) влегле во куќата и го нападнале мажот удирајќи го со тупаници и клоци по телото.
Од страна на полицијата Б.И. е приведен при што е утврдено и присуство на алкохол во крвта од 3,40 промили. И.И. бил повикан во СВР-Велес, а по извршената консултација двајцата се задржани во полициската станица.
По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе биде поднесена сооодветна пријава.