Татко и син во Свети Николе се пријавиле меѓусебно во полиција

На 28.07.2024 во 09.50 часот во Полициската станица Свети Николе 20-годишник пријавил дека во светиниколско село, по претходна расправија, бил нападнат со остар предмет од неговиот 54 – годишен татко.

-Во врска со случајот, во 10.20 часот, 54-годишно лице пријавило дека по вербална расправија неговиот 20-годишен син го нападнал со тврд предмет, нанесувајќи му тешка телесна повреда, констатирана во Клиничката болница Штип, информира МВР.

Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок.