![zatvor-idrizovo-3-186704](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2018/10/zatvor-idrizovo-3-186704.jpg?resize=696%2C392&ssl=1)
СВР Скопје поднесе кривична пријава против 58-годишниот Ш.А. и 17-годишниот М.А., и двајцата од Скопје, поради обидот да внеста наркотици за осуденик во Затворот Идризово, син на првопријавениот.
Како што информира МВР пријавата е поднесена поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.
„На 06.03.2021 околу 12.00 часот, при влез во Затворот Идризово, затворската полиција извршила претрес над пријавените, при што кај нив пронашле и одзеле марихуана и хероин, кои имале намера да му ги предадат на синот на Ш.А., кој издржувал затворска казна во Затворот Идризово“, велат од полицијата.