![gostivar](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2019/02/gostivar.jpg?resize=696%2C370&ssl=1)
Триесет и деветгодишниот Ферди Касо од Гостивар е последната жртва од тешката сообраќајна несреќа кај Ласкарци, каде во попладневните часови на 13 февруари се преврте патнички автобус.
Касо е 15-та жртва во трагедијата, а на скопските клиники во животозагрозувачка состојба се наоѓаат пет повредени лица.
Како што пренесува „ТВ Шења“, Касо е татко на две деца, љубител на фудбал.
Како што соопшти Министерството за здравство, 15 жртва подлегна на повредите утрово во 5 часот на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување – КАРИЛ во Скопје.
Патникот при несреќата се здобил со тешки повреди на градниот кош и белите дробови и веднаш е пренесен во болницата „8-ми Септември“, од каде што поради сериозноста на повредите уште вечерта е пренесен на КАРИЛ.
Врз повредениот биле извршени две операции истата вечер откако бил донесен на Клиниката, поради големото крварење од белите дробови.