Таткото член на Управниот одбор, си ја вработил ќерката во јавното претпријатие

Билјана Ивановска, претседател на ДКСК говореше за предмет од укажувач за вработувања на две лице во исто јавно претпријатие со помош на агенции за привремени вработување, а преку влијанија на членови на Управен одбор.

Се работи за член на Управен одбор кој по една година откако станал член на ова телот е вработен во истото Јавно претпријатие преку Агенција за привремени вработувања.

„Од една страна тој има можност како член на Управниот одбор да учестува во изборот на директорот, а од друга страна директорот одлучува за неговото вработување преку Агенција за привремени вработувања„, рече Ивановска и истакна дека материјалниот закон предвидува дека од редот на вработените може да се бираат членови на УО, меѓутоа обратниот случај не е предвиден во законот.

Во вториот случај станува збор за вработена чиј татко е член на УО, а таа е вработена во ЈП преку Агенција за привремени вработувања

„За нас се спорни овие вработувања преку агенциите за привремени вработувања затоа што се избегнува транспарентниот начин на вработување, постапката е многу скратена, не се обрнува доволно внимание ниту на видот и степенот на образование, нема транспарентна конкурентност и најчесто се лица кои на списокот се нашле по партиски заслуги“, рече меѓу другото претседателката на ДКСК, додавајќи дека се работи за предмет од 2015 година.

Според неа, во нашата држава, најопасна од сѐ е зконската корупција и треба час поскоро новото Собрание што ќе се формира да се зафати со уредување на законските прописи.

Во текот на изминатата година, посочи, ДКСК направи антикориупциска проверка на осум закони и ја потенцира законската регулатива за вработувањето и се детектирани сите раанливи точли. Смета дека треба политичка волја за тоа да се промени и да не се лучуваат пропусти.