Харалд Копиц, човекот осомничен дека ги убил своите три деца во Хрватска, денеска се појавува пред истражен судија, кој ќе одлучи за неговиот притвор, пишуваат хрватски медиуми.
Медиумите потсетуваат дека Копиц бил лекуван во болница по тројното убиство и обид за самоубиство. Тој бил официјално уапсен во понеделникот вечерта.
Копиц разговарал со полицијата, а денес се појавува пред истражен судија.
Во меѓувреме се огласило и Државното обвинителство на Република Хрватска.
-Според одлуката за спроведување на истрагата, постои основано сомнение дека обвинетиот 56-годишник ги убил своите три деца од 24 септември 2021 до 25 септември 2021 година во Загреб, во станот во кој престојувал со малолетните деца, со умисла им го одзел животот – стои меѓудругото во соопштението кое го пренесуваат тамошните медиуми.