Taткото на Новак нема коментар на навредите на Додик дека семејството Ѓоковиќ се „тешка циганија“

На социјалните мрежи брзо стана хит видеото на кое претседателот на Република Српска Милорад Додик го навредува Новак Ѓоковиќ и неговото семејство во студиото на Јавниот сервис на Србија (РТС).

Коментирајќи ја организацијата на турнирот „Српски oпен“, кој неодамна се одржа во Бања Лука, Додик меѓу другото рече дека Ѓоковиќ и неговото семејство  се „тешка циганија“, по што најави јавно извинување со порака дека е „наместен “.

Засега се огласи само Срѓан Ѓоковиќ, кој на прашањето на порталот „Н1“ само кусо одговори:

„Немам коментар!“.