Таткото на убиецот за српски Ало рекол дека не знае поради што неговиот син извршил незапаметен масакр.
-Едноставно немам одговор зошто тоа го сторил. Јас сум му татко и тоа што го направи ќе го носам на душа додека сум жив, резигнирано вели Златиќ.
Тој тврди дека не знаел за разводот на неговиот син од сопругата Дијана Савановиќ која прва беше изрешетана во кафулето додека седела во друштво на своето ново момче, Синиша Јојиќ.
На прашањето дали е точно дека имал оружје на таванот кое го донел од боиштето во родното Осјек, рекол:
-Кои сте вие, вам да ви полагам сметки?
Радослав исто така го разлутиле чаршиските муабети дека семејствата на жртвите од масакрот се закануваат со крвна одмазда.
-Нека дојдат да ме убијат. И што со тоа? не се плашам од никого! Можев до сега милион пати да загинам, рекол луто таткото на Синиша.