![policija-lenta](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/policija-lenta.jpg?resize=696%2C339&ssl=1)
Во вооружена престрелка во Топанско Поле синоќа, убиен е Х.Б.(35) од Скопје, а уште двајца се повредени. Неофицијално станува збор за пресметка на криминални банди.
Таткото на убиеното лице е член на ДУИ и бил директор во некоја од инспекциските служби, објави порталот МКД.мк.
Според информации на Министерството за внатрешни работи околу полноќ добиле пријава од Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ дека кај нив со повреди од огнено оружје биле донесени Х.Б.(35) и А.Д.(35), двајцата од Скопје, и дека подоцна Х.Б. починал, а над А.Д. била извршена интервенција и бил задржан на лекување.
-По преземени мерки било утврдено дека тие претходно учествувале во вооружена престрелка на подрачјето на Чаир. Поради повреди од огнено оружје, во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ бил пренесен и Н.Д. од Скопје. Исто така, по преземени мерки, а поради сомнение дека учествувале во престрелката, полициски службеници од СВР Скопје околу 01.40 часот во болницата го лишиле од слобода Б.Б.(39) од Скопје, на подрачјето на Чаир го лишиле од слобода Н.Д.(22) од Скопје, додека, подоцна биле пронајдени и лишени од слобода Р.Р.(41) и К.Т.(28), двајцата од Скопје, првично соопшти МВР.