Таткото на убиеното девојче Вања Ѓорчевска доцна вечерва е повикан на распит во полициска станица во врска со убиството на неговата ќерка. Засега за него не се бара притвор.
Таткото го пријавил нејзиното исчезнување во полициска станица во понеделникот во 11 часот, 3,5 часа откако нејзе и се губи трагот.
Утре во 9:30 часот, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и Основниот јавен обвинител на ОЈО Скопје Гаврил Бубевски во зградата на Јавното обвинителство ќе одржат прес-конференција во врска со двете грозоморни убиства.
По Вања се трагаше од понеделникот, а за нејзиното убиство и за убиството на 74-годишниот велешанец во притвор се три лица, еден вечерва e приведен и еден е во бегство.