ТАВ Македонија: Не е точно дека наш вработен се обидел да го одземе телефонот на косовската претседателка

„Категорично ги отфрламе наводите дека наш вработен од одделот за обезбедување се обидел да го одземе телефонот. Телефонот и’ беше побаран со цел да се подложи на задолжителен безбедносен скрининг преку уредот за рентген, се вели во реакцијата на ТАВ Македонија по соопштението на претседателката на Косово, Вјоса Османи.

„Согласно Документот 30 (Doc.30) на ECAC и Националната програма за безбедност на цивилното воздухопловство, сите патници, кабински багаж и нивните лични предмети со кои патуваат на комерцијален лет, како во овој пример, се предмет на безбедносен преглед. Доколку не сме усогласени со овие правила, пилотот на летот ќе го одбие влегувањето во авион на патникот. Виенската конвенција за дипломатски односи ги ослободува од безбедносен преглед само официјалните гости на Владата на Република Северна Македонија, а операторот на аеродромот добива официјално известување за таквите изземања од Министерството за внатрешни работи. Насоките што ги доби нашиот Оддел за обезбедување од страна на Одделот за заштита на одредени лица и објекти јасно кажуваат дека членовите на делегацијата мора да поминат стандардна безбедносна проверка во согласност со утврдените процедури“, велат од ТАВ Македонија.

Вчера од  ТАВ Македонија посочија дека имало инцидент, ама безбедноста на патниците не нила загрозена и дека имаатзаконска обврска да го проверат багажот на сите патници.

„Во согласност со Законот за воздухопловство и меѓународната законска регулатива која се однесува на обезбедување на цивилното воздухопловство, ТАВ Македонија како аеродромски оператор има законска обврска за спроведување на безбедносен преглед на сите патници, багаж и стоки на летовите од Меѓународниот Аеродром Скопје и од Аеродромот Свети Апостол Павле Охрид, вклучувајќи ги и патниците кои патуваат преку ВИП-салонот. Оттука, Одделот за Обезбедување на ТАВ Македонија, постапувајќи во рамките на своите овластувања спроведе стандардна безбедносна проверка на споменатиот патник како и на неговиот багаж, на пунктот за безбедноста проверка во ВИП-салонот, со цел обезбедување на конкретниот комерцијален лет. Сакаме да потенцираме дека авијациската безбедност не беше загрозена, поради тоа што споменатиот инцидент се случи во јавната зона на аеродромот, односно пред пунктот за безбедносна проверка на ВИП-салонот од каде ВИП-патниците откако ќе бидат проверени од Обезбедувањето се упатуваат во безбедносно-контролирана зона на аеродромот. Исто така, сакаме да потенцираме дека ВИП-салонот е посебна зграда изолирана од главната терминална зграда на скопскиот аеродром, што значи дека е комплетно неточно дека била загрозена безбедноста на патниците“, се вели во соопштението на ТАВ Македонија.

Од кабинетот на Вјоса Османи во врска со инцидентот на Меѓународниот аеродром Скопје соопштија дека откако претседателката влегла во авионот, скопскиот аеродром не дозволувал комерцијалниот авион да полета кон Љубљана повеќе од еден час под изговор дека словенечката држава не го дозволувала тоа затоа што тамошниот аеродром не бил подготвен за слетување. Но, се додава во реакцијата, од кабинетот на Османи стапиле во контакт со словенечката страна од каде им било кажано дека тоа не било точно и оти авионот ќе можел да слета во предвиденото време.

Однесувањето на македонскиот аеродромски службеник е спротивно на секоја меѓународна практика, според која, шефовите на држави кога патуваат се заштитени со дипломатски привилегии и имунитети. Ова е реакцијата на Беким Купина, советник за медиуми на косовската претседателка Вјоса Османи, по денешниот инцидент на скопскиот аеродром.

„Спротивно на меѓународните практики и Виенската конвенција за дипломатски односи, обезбедувањето на скопскиот аеродром се обиде да ѝ го земе личниот телефон на претседателката. Таа не дозволи такво нешто, бидејќи тоа би било сериозно прекршување. И покрај образложението на правилата што тимот на претседателката му го соопштиле на аеродромскиот службеник, тој се обидел физички да ја турне претседателката, при што косовската полиција била принудена да реагира. Ваквото однесување на македонскиот аеродромски службеник е спротивно на секоја меѓународна практика, според која, шефовите на држави кога патуваат се заштитени со дипломатски привилегии и имунитет“, се вели во ставот на советникот Купина. медиуми.

Купина додава дека аеродромскиот персонал ѝ ја одзел и чантата на Османи спротивно на правилата.

„Прекршувајќи ги овие правила, македонската страна ѝ ја одзеде чантата на претседателката. Иако тоа е спротивно на правилата, тимот на претседателката го дозволи за претседателката да може да влезе на аеродромот, поточно во ВИП-салонот, кој беше резервиран со нота од нашата амбасада, како што е практика за патувањата на шефовите на држави. Но, од безбедносни причини, не е дозволено предавање на личниот телефон на кој било начин. Арогантното и насилничко однесување на службеникот на скопскиот аеродром е без преседан и никогаш не се случило на ниту едно патување на претседателката никаде во светот“, се додава во реакцијата.

Османи го известила претседателот на Собранието, Африм Гаши, на кого му се заблагодарува за укажаната помош.

Од кабинетот на Вјоса Османи велат дека откако претседателката влегла во авионот, скопскиот аеродром не дозволувал комерцијалниот авион да полета кон Љубљана повеќе од еден час под изговор дека словенечката држава не го дозволувала тоа затоа што тамошниот аеродром не бил подготвен за слетување.

Но, се додава во реакцијата, од кабинетот на Османи стапиле во контакт со словенечката страна од каде им било кажано дека тоа не било точно и оти авионот ќе можел да слета во предвиденото време.

„Претседателството го смета секој напад и нерегуларно постапување во спротивност со меѓународните конвенции на високи државни функционери како напад врз самата држава Косово. Република Косово никогаш во својата историја не се однесувала на таков начин кон претседателот, премиерот или министрите на Северна Македонија или која било друга земја, ниту пак некогаш ќе дозволи такво нешто“, се додава во реакцијата.

Од Министерството за внатрешни работи вечерва информираа дека денеска околу 10 часот на Меѓународниот аеродром Скопје, додека претседателката на Косово, Вјоса Османи, поминувала на гранична контрола, во моментот кога од неа било побарано да го остави телефонот за да помине низ скенер, едно лице од нејзиното обезбедување го оттргнал вработеното лице од ТАВ, за таа да помине без скениран телефон и рачен багаж. Иако вработениот бил оттргнат, сепак багажот бил вратен и поминал на скенер.