ТАВ свечено го отвори реновираниот Primeclass бизнис-салон на меѓународниот аеродром-Скопје

ТАВ Оперативни услуги, светскиот водечки давател на угостителски услуги и дел од ТАВ Аеродроми и Групацијата АДП, го претстави реновираниот Primeclass бизнис-салон на Меѓународниот Аеродром Скопје. Со најновите подобрувања, Primeclass бизнис-салонот им нуди на патниците уште поудобно и полуксузно искуство додека патуваат преку скопскиот аеродром

Денес, 6-ти ноември, на Меѓународниот Аеродром Скопје, на свеченото отворање проследено со сечење лента и коктел, беше отворен целосно обновениот Primeclass бизнис-салон, управуван од ТАВ Оперативни услуги, дел од ТАВ Аеродроми.
Фокусирајќи се на создавање софистициран и пријатен амбиент до најмалите детали, Primeclass бизнис-салонот сега може да се пофали со надградено мени, шведска маса и бар, кои го задоволуваат широкиот спектар на потребите на патниците, вклучувајќи вегански и вегетаријански опции.
Главниот извршен директор на ТАВ Оперативни услуги, Ѓучлу Баткин и генералниот директор на ТАВ Македонија, Неџат Курт, ја пресекоа лентата на денешната свеченост и официјално го означија отворањето на комплетно реновираниот Primeclass бизнис-салон.
„Реновирањето на бизнис-салонот е доказ на заложбата на ТАВ Оперативни услуги за подигање на квалитетот на услугите. Со примамливо мени за различни вкусови и бар дизајниран да направи патниците да се чувствуваат како дома, ние имаме за цел да го подобриме искуството при патувањето.“ – изјави Ѓучлу Баткин, главен извршен директор на ТАВ Оперативни услуги, по повод свеченото отворање. Тој, исто така, ја изрази посветеноста на компанијата за обезбедување удобност и луксуз на патниците и го истакна значењето на Скопје како посебна дестинација, како и зголемената популарност што ја стекна во последните години, што резултира со постојан пораст на бројот на патници.
Понатаму, бидејќи одржливоста е инкорпорирана во секојдневното работење на ТАВ, а посветеноста за намалување на влијанието врз животната средина игра голема улога, употребата на пластика е елиминирана од понудата на услуги во обновениот Primeclass бизнис-салон.


„Прекрасен ден за убава пригода, го прославуваме свеченото отворање на нашиот реновиран Primeclass бизнис-салон на Меѓународниот Аеродром Скопје. Како глобален бренд и водечка компанија за управување со аеродроми, ТАВ Аеродроми, членка на Групацијата АДП, обезбедува севкупни интегрирани услуги во сите области на аеродромските операции, вклучувајќи ги и угостителските услугите, со најдобар можен квалитет. Како ТАВ Аеродроми, нашата визија е да обезбедиме амбиент од светска класа за патниците и гостите кои патуваат преку нашите аеродроми, а ТАВ Оперативни услуги како наша сестринска компанија управува со ВИП и бизнис-салоните и услугите. ТАВ Оперативни услуги е една од најбрзо растечките компании во рамки на холдингот ТАВ Аеродроми и стана водечки бренд во секторот. Затоа, сигурен сум дека ќе го видите нивното име при вашите патувања преку многу други аеродроми низ светот. Би сакал да изразам голема благодарност до тимот кој работеше деноноќно за да го заврши овој проект на време и во секој детаљ, особено бидејќи бизнис-салонот се реновираше за време на најфреквентниот период од годината во шпицот на летната сезона“ – изјави Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија.


Со фокус на гостопримството и обезбедувањето беспрекорно искуство на патниците, ТАВ Оперативни услуги најавува и планови за воведување на услугата Fast-Track, или брза лента, со што ќе ја подобри удобноста на патниците и ќе понуди врвно аеродромско патничко искуство.
Сместен во зоната за “Заминувања” близу излезите на скопскиот аеродром, по безбедносната и пасошката контрола, меѓу излезите (гејтовите) 203 и 204, новиот Primeclass бизнис-салон на скопскиот аеродром е подготвен за услуга 24/7, нудејќи им рај на удобност и луксуз на патниците кои патуваат преку Меѓународниот Аеродром Скопје.