
Возачите од Србија кои имаат возачка дозвола помалку од две години нема да смеат да возат автомобил од 23 часот до 6 часот наутро.
Исто така, возачите кои зеле дозвола на 17 или 18 години, нема да можат да возат во овој период пред да наполнат 21 година.
Со оваа мерка, Србија воведува категорија млади возачи по примерот на Македонија со тоа што нивниот закон е многу поригорозен.
Во Македонија, возачите кои се третираат како млади, односно немаат возачка дозвола подолго од 2 години, можат да возат до 22 часот, а потоа ќе им треба придружба. Кај нас, младите возачи можат да возат без придружба автомобили кои имаат сила на моторот под 70 KW.