Поп-ѕвездата Тејлор Свифт додаде уште едно признание на својата долга листа на признанија во средата, освојувајќи ја наградата за глобален уметник на годината на Меѓународната федерација на фонографската индустрија (IFPI) по четврти пат.
Изведувачката на хитот „Anti-Hero” ја освои наградата втора година по ред, а претходно ја освои и во 2014 и во 2019 година. Последнава е за остварувањата во текот на изминатата 2023 година.
Наградата му се доделува на уметник кој е на врвот на глобалната табела за изведувачи на IFPI, што Свифт го има направено повеќе пати од кој и да е друг уметник од нејзиното воспоставување пред 11 години.
Наградата се пресметува со преледите на глобалната продажби на уметникот или групата на платфромите за стриминг, преземање и физички музички формати во текот на календарската година и го покрива целото нивно дело, според IFPI.
„Таа продолжува да ги редефинира границите на глобалниот успех. Тејлор е уникатен талент и нејзината посветеност на нејзината музика и обожаватели е навистина феноменална“, рече во соопштението Луис Морисон, директор на топ листи и сертификати на IFPI.
На почетокот на овој месец, 34-годишната Свифт постави уште еден рекорд на Греми наградите кога по четврти пат ја освои наградата за албум на годината, надминувајќи ги музичките легенди Френк Синатра, Пол Сајмон и Стиви Вондер, кои ја освоија наградата по трипати.
Ѕвездите на К-поп SEVENTEEN и Stray Kids се најдоа на второто и третото место на табелата во она што IFPI го опиша како „рекордна година за корејските уметници“, бидејќи уште два ткн К-поп изведувачи TOMORROW X TOGETHER и NewJeans се во првите десет, на седмото односно осмото место. Други уметници кои се појавија во топ 10 се и Дрејк на четвртото и The Weeknd на петтото место.