Тејлор Свифт рекоден четврти пат освои Греми за најдобар албум

Поп-ѕвездата Тејлор Свифт во неделата по четврти пат ја освои наградата Греми за албум на годината, што е рекорд во музичката индустрија.

Со албумот „Midnights“, Свифт по четврти пат ја освои наградата Греми за албум на годината, надминувајќи ги легендите Френк Синатра, Пол Сајмон и Стиви Вондер, кои ја освоија наградата по трипати.

На доделувањето во Лос Анџелес, Свифт најави дека во април ќе објави нов албум.

И голем број други големи награди освоија пејачки. Така, за песна на годината е прогласена баладата „What Was I Made For?“, напишана за филмот „Barbie“, во изведба на Били Ајлиш.

Мајли Сајрус, пак, доби Греми за снимка на годината за песната „Flowers“, додека ар-ен-би и поп-пејачката Викторија Моне е прогласена за најдобар нова изведувачка.

Греми наградите се доделуваат во повеќе од 90 категории, а победниците ги избираат музичарите, продуцентите, инженерите и другите кои ја сочинуваат Академијата за снимање.