Тејлор Свифт за една ноќ заработува над 13 милиони долари

Американската пејачка Тејлор Свифт од продажбата на влезници за концертите во рамките на нејзината турнеја заработува повеќе од 13 милиони долари на вечер и е на пат да стане концерт со најголема заработка во историјата на музиката, објави Bloomberg.

Се очекува дека наскоро би можела да заработи повеќе од милијарда долари, до кои ниту еден друг уметник не стигнал.

Според музичкиот магазин Pollstar, таа за 22 дена од турнејата заработила 300 милиони долари. Планирани се 50 настапи во САД, а потоа продолжува шестата концертна турнеја на кантавторот во странство.

Pollstar проценува дека вкупната заработка на турнејата би можела да надмине 1,3 милијарди долари. Билет за концерт на Тејлор Свифт чини 254 долари.

Пред само пет години, единствените двајца уметници чии билети чинат повеќе од 200 долари беа Бритни Спирс и Селин Дион. Најголемиот уметник на годината, Ед Ширан, настапуваше во просек за 89 долари од вечер.

Оттогаш, просечната цена на 25-те најпродавани концерти скокна за 37 долари, што покажува дека цените на билетите растат побрзо од потрошувачките цени воопшто, според Bloomberg.

Пред 2018 година, билетите чинеле меѓу 75 и 130 долари. Во моментов, има многу повеќе врвни изведувачи кои наплаќаат над 200 долари од оние кои наплаќаат помалку од 100 долари по концерт. Сега за да ја гледате Тејлор Свифт во живо, треба да платите 134 долари повеќе отколку пред само пет години, додава американската агенција.