Бостон Селтикс, во моментов најдобриот тим во НБА лигата, ги победија на гостите Шарлот Хорнетс 130:118 предводени од исклучително расположениот Џејсон Тејтум
Бостон во овој дуел не можеа да сметаат на Џејлен Браун, еден од своите најсилни адути, но целиот товар врз себе го презема одличниот Тејтум кој одигра дури 40 минути и дуелот го заврши со 51 поен.
На тоа додаде девет скокови и пет асистенции, а особено треба да се истакне неговиот одлучен шут од првата до последната минута. Од игра погоди 15 од 23 обида, за три поени гаѓаше 7 од 12 обиди, а ги реализираше сите слободни фрлања 14 од 14. Го следеше Дерик Вајт кој впиша 19 коша со осум асистенции.
Кај домашните најмногу поени – 26 постигна Џејлен Мекданиелс, додека најдобар учинок имаше Мејсон Пламли кој уфрли 19 коша со 12 скокови и седум асистенции
Бостон Селтикс сега на врвот од Источната конференција има сооднос меѓу победите и поразите 27-15, а ги следат Милвоки Бакс и Филаделфија 76ерс со по 27 победи и 16 порази.