Театар Комедија утре ќе гостува во Подгорица

Театар Комедија утревечер во Црногорско народно позориште во Подгорица ќе гостува со претставата „Чувството на брадата” од Ксенија Драгунска во режија на Борис Лијешевиќ.

Претставата премиерно беше изведена на 21 септември кога присуствуваше и авторката Ксенија Драгунска која е една од најпоставуваните живи автори на руската драмска сцена.