ТЕЦ Неготино е вклучен на мрежа и испорачува електрична енергија

ТЕЦ Неготино е синхронизиран на електроенергетската мрежа во 12.20ч и ја засилува својата снага на производство до постигнување 90MW по котел, информираат од АД ЕСМ.

-Во моментот произведува електрична енергија со еден котел, додека согласно протоколот за работа на термоелектраната, активирање на вториот котел за постигнување на максимален капацитет е планирано за следната недела, по стабилизирање на системот.

Вкупниот капацитет за производство не ТЕЦ Неготино изнесува 180MW, односно има инсталиран капацитет колку што еден блок на РЕК Битола.

Ремонтните и сервисните активности завршија пред 24 часа, по што се пристапи кон вклучување на електраната.

По изградбата на ТЕЦ Неготино во 1978г, ова беше прво отворање и големо ремонтирање на генераторот.