![200517788-001](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/06/o-WOMAN-SUPERMARKET-facebook.jpg?resize=696%2C348&ssl=1)
Маркетите на „Тедико“ ќе бидат затворени денеска, евентуално во петок и фирмата ќе оди во стечај, се најчестите шпекулации кои деновиве кружат во јавноста.
Сoпственикот на маркетите, Раде Трајковски, пак ја смирува ситуацијата и вели дека затворање на маркетите нема да има и многу му е жал што овие шпекулации доаѓаат токму од неговите вработени.
„Да, точно е дека во моментов имаме финансиски потешкотии, на неколку пати маркетите ги вративме во живот. Но, не е во ред да се шират вакви дезинформации. Најтрагично е тоа што тие доаѓаат токму од самите вработени. Јас како сопственик немам намера да затворам ниеден маркет и одговорно тврдам дека „Тедико“ ќе продолжи да работи“, вели Трајковски.
Според финансиската листа, која вчера ја објави Управата за јавни приходи, и меркетите „Тедико“ се најдоа на оваа листа. Тие и должат на државата за неплатен данок 1.618.957 денари или 26.325 евра.