Тедрос: Богатите земји се обезбедија, сиромашните останаа без вакцини

Директорот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус денеска изјави дека постои јасен проблем кај посиромашните земји кои немаат добиено вакцини против ковид-19.

– Богатите земји земаа најголем дел од испораките – рече Тедрос во Женева.

Тој ги повика земјите и производителите да престанат да склучуваат билатерални договори на сметка на проектот Ковакс, пренесува Би-Би-Си.

Проектот има за цел да обезбеди луѓето ширум светот да добијат пристап до вакцините веднаш штом ќе станат достапни, без оглед на богатството.