Тедрос: Нема опуштање во однос на ковидот

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус, синоќа ги повика сите земји да не се опуштаат кога станува збор за ковидот, нагласувајќи дека поради малиот број тестови, не може да се види како се шири вирусот.

„Бидејќи многу земји го намалуваат тестирањето, СЗО добива сѐ помалку информации за преносот и секвенционирањето“, рече Тедрос на прес-конференција во Женева.

Тој рече дека тоа ги прави сите „слепи“ за моделите на пренос и еволуција.

„Стапките на тестирање опаднаа за 70 до 90 отсто“, рече Бил Родригез, главен извршен директор на ФИНД, глобална група за помош што работи со СЗО на проширување на пристапот до тестирање.