![2169410](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2018/05/2169410.jpg?resize=640%2C480&ssl=1)
Владата на Иран денес предупреди дека ќе ги преземе сите реципрочни мерки, за кои смета дека се неопходни, ако не добие надомест за повлекувањетo на САД од нуклеарниот договор, како што е утврдено во договорот.
Во опширното соопштение на иранската влада, сите страни потписнички на договорот, особено Велика Британија, Франција и Германија, се повикуваат да се придржуваат кон договорот и да ги исполнат своите обврски, како и да од „ветувањата“ преминат на работа и да преземат практични активности без какви било предуслови, објави АП.
Владата во Техеран рече дека му наредила на претседателот на Организацијата за атомска енергија на Иран “да ги преземе сите неопходни чекори за да го подготви Иран за збогатување на ураниумот на индустриско ниво, без какви било ограничувања”.
Во истата изјава, американскиот претседател Доналд Трамп исто така беше остро критикуван, а неговата администрација беше наречена “екстремистичка”, додека американското повлекување од нуклеарната спогодба беше наречено “нелегално”.
.