Технички проблеми го одбележаа интервјуто на Маск со Трамп

Најавеното интервју на преприемачот и еден од најбогатите луѓше на планетата Илон Маск со републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп, на медиумската платформа на X во сопстеност на Маск, доцнеше повеќе од 40 минути поради технички проблеми за кои Маск обвини за „сајбер напад“.

Интервјуто беше закажано за 2:00 часот по македонско време време, или 20:00 часот по времето на американско источно крајбрежје, но откако се пријавија нешто повеќе од 100.000 корисници, имаше технички проблеми што го предизвикаа доцнењето.

„Се чини дека станува збор за масовен DDOS напад врз X. Работиме да го згаснеме. Во најлош случај, ќе започнеме со мал број слушатели во живо, а потоа ќе емитуваме немонтирана снимка веднаш по завршувањето“, објави Маск за време на решавањето на проблемите, додавајќи дека за време на подготовката, платформата можела да поддржи околу осум милиони истовремени пријави.

Кога конечно започна интервјуто, бројачот за регистрација на X покажа 1,3 милиони регистрации, а поранешниот претседател на моменти звучеше како да шепоти, па некои од слушателите коментираа дека звучи како лик о цртан филм, додека други сугерираа дека тоа може да биде компресија на звукот.

Маск, кој пред изборите во 202о година го поддржа актуелниот претседател демократот Џо Бајден, во меѓуврме мина во таборот на Трамп и воведниот дел од „разговорот“ го посвети на пофалби за „храброста“ на Трамп за време на обидот за атентат на 13 јули во Батлер, во сојузната држава Пенсилванија кога по низа пропусти на Тајната служба тинејџер успеа да пука додека тој држеше и говор и за среќа само да го погоди во увото. Трамп возврати дека има намера да се врати во Батлер на предизборен митинг во октомври.

Трамп потоа ги повтори своите познати тврдења, како што се дека Русија немаше да ја нападне Украина ако тој останеше на функцијата, пофално се израуваше за рускиот претседател Владимир Путин, кинескиот претседател Кси Џинпинг и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун,
велејќи дека тие се „врвот“.

Исто така, Трамп ја изрази својата забелешка од тоа што актуелната потпретседателка Камала Харис стана демократски кандидат речиси при крајот на кампањата наместо претседателот Џо Бајден кој ја повлече својата кандидатура под притисок на сопартијците, велејќи дека тоа е „државен удар“.

„Од почетокот на целата оваа измама, таа не даде ниту едно интервју“, рече Трамп, кој го загуби целото водство во анкетите по промената.

Трамп го пофали Маск и за начинот на кој ги отпушта работниците во неговите компании.

„Ти си најдобриот кастрач. Мислам, види што направи. Влегуваш, велиш: ‘Сакаш да се откажеш? Тие штрајкуваат – нема да именувам која компанија – а потоа велите: ‘Во ред, сите сте поранешни’“.

Пред самото интервју, Трамп се врати на X испраќајќи неколку пораки во понеделникот, што беше прв пат по една година да ја искористи социјалната мрежа која беше негов главен извор на комуникација во претходните кампањи, како и за време на неговиот мандат во Белата куќа. .

Маск го поддржа Трамп и во лажните тврдења за изборен фалсификат на последните претседателски избори, а исто така основаше посебна група која финансиски ја поддржува кампањата на Трамп.