Тексас испраќа 250 припадници на Националната гарда на границата со Мексико

Националната гарда на американската сојузна држава Тексас започна со распоредувањето на своите трупи на јужната граница со Мексико, откако претседателот Доналд Трамп ниту од американскиот Конгрес ниту од соседната јужна земја не доби ветување за финансирање на ѕидот меѓу двете држави, пренесува во саботата агенцијата Reuters.

Испраќањето на припадниците на Националната гарда на границата на Мексико доаѓа откако претседателот Доналд Трамп му упати барање на министерот за одбрана Џејмс Матис Националната гарда, резервна структура на американската армија, со цел да се заузди илегалната имиграција да му помогне на министерството за внатрешна безбедност во обезбедување на границите на четирите југозападни американски држави, вклучително и Тексас.ж

Тексас на границата со Мексико испраќа 250 припадници на Националната гарда, како и возила, хеликоптери и опрема за надзор на теренот. Распоредувањето на трупите, возилата и другата опрема би требало да биде завршено во рок од 72 часа.

Следната седмица на границата со Мексико ќе пристигнат и 100 припадници на Националната гарда од Аризона. Министерот Матис во петокот одобри испраќање на 4.000 припадници на Националната гарда за операцијата којашто ќе трае до 30-ти септември.

Националната гарда на САД веќе со децении е активна по должината на американско-мексиканската граница. Таа интервенираше на границата во 2010 година по наредба на тогашниот демократски претседател Барак Обама, како и во 2006 и 2008 година во текот на мандатот на републиканецот Џорџ В. Буш.

Министерката за внатрешна (татковинска) безбедност Кирстјен Нилсен изјаи дека „поради неприфатливото ниво на трговија со дроги, опасните банди и илегалната имиграција на нашата јужна граница дојде време да се дејствува…. Постои вистинска закана“, додаде Нилсен.

Последните неколку дена претседателот Трамп врши засилен притисок врз Мексико и американскиот Конгрес да дејствуваат во насока на спречување на доаѓањето на илегалните имигранти во САД. На почетокот од април изданието Buzzfeed објави за движењето на околу 1.500 имигранти од Гватемала, Салвадор и Хондурас низ Мексико. Американскиот челник дополнително се ангажираше за ова прашање по објавувањето на снимките на карваните со имигранти, кои во моментов се наоѓаат на југот од Мексико.

Ваквиот потег предизвика зголемување на тензиите меѓу САД и Мексико, и остра реакција на мексиканскиот претседател Енрике Пења Нието. Во невообичаено воинствено интонирана изјава, Пена Нието го повика Трамп да престане да „сее раздор меѓу двете нации“ и побара почитување во билатералните односи. Пена Ниет и Трамп имаат меѓусебни затегнати односи откако американскиот претседател ја започна својата изборна кампања во 2015 година кога мексиканските имигранти ги опиша како „криминалци и силувачи“.