„Тексас“ во петок на концерт во Скопје

Една од најголемите британски поп-рок атракции на сите времиња „Тексас“ за првпат доаѓа на Балканот. Тие ќе бидат хедлајнери во петок во СРЦ Кале, Скопје, во 21 часот, во организација на Авалон продукција. Претходно закажаниот концерт на „Скопје колинг“ беше откажан заради болест на пејачката Шарлин.

„Ареа“ ќе настапи истата вечер како нивна предгрупа.

Влезниците коишто не се вратени, а беа купени за 23-ти јуни ќе важат и за настапот во СРЦ Кале, а оние што немаат влезници, ќе можат да ги набават преку продажната мрежа на Купи Карти За Се, Jуготон и онлајн на avalon.mk, по цени од 1.000 и 1.500 денари.