Тела 27 мигранти пронајдени на брегот на Либија

Соработниците на либиската Црвена полумесечина откриле тела на 27 удавени мигранти крај брегот на Либија а три лица биле спасени, соопшти канцеларијата на организацијата во Хомс.

„Во саботата вечерта тим од либиската Црвена полумесечина извлекоа од морето, меѓу кои и едно бебе, во брегот во областа во ал-Алус… Покрај тоа, екипа во соработка со крајбрежната страќа на друго локација на брегот извлече уште 10 тела, меѓу кои и на две жени. Тројца мигранти се спасеи“, се наведува во објавата на организацијата на социјалните мрежи.

Засега не е утврдена националноста на настраданите мигранти. Непознато е, исто така, кога се случила несреќата, но се додава дека преживеаните се згрижени и им е укажана соодветена медицинска помош. Исто така, се додава дека продолжува потрагата во морето и на брегот по можни други преживеани.

Претходно Меѓународната организација за миграции (IOM) објави дека повеќе од 1.300 мигранти и бегалци загинале само во првата половина од 2021 година, обудувајќи се до северна Африка преку морето да дојдат до Европа.