Извлекувањето на телата на жртвите од индонезискиот авион отежнато

Лошите временски услови ги отежнуваат напорите на спасувачките тимови да ги извлечат телата на жртвите од авионот што пред три дена се сруши во провинцијата Папуа во источна Индонезија, пренесува Танјуг.

Претставник на индонезиската авиокомпанија „Тригана ер“ изјавил дека властите планирале да ги извлечат телата на жртвите, но дека тоа не го дозволуваат временските услови.

Пронајдени остатоците од индонезискиот авион
Пронајдени остатоците од индонезискиот авион

Според неговите зборови, видливоста не теренот е само 500 метри.

Спасувачките екипи во текот на вчерашниот ден ги пронајдоа телата на жртвите, како и „црната кутија“.

Компанијата „Тригана ер“ на црната листа на ЕУ

Во авионот на компанијата „Тригана ер“ во моментот на несреќата имало 44 патници,меѓу кои пет деца и едно бебе, како и пет членови на екипажот.

Компанијата „Тригана ер“ на црната листа на ЕУ
Компанијата „Тригана ер“ на црната листа на ЕУ

Инаку компанијата „Тригана ер“ од 2007-мата година се наоѓа на црната листа на компании во ЕУ, кои што се забранети поради лошите безбедносни услови.

Во авионот имало 470.000 долари

Исто така, во авионот имало и 470.000 долари наменети за помош на сиромашните села, но засега нема никакви назнаки дека падот на леталото има некаква поврзаност со парите.

во авионот имало и 470.000 долари наменети за помош на сиромашните села
Во авионот имало и 470.000 долари наменети за помош на сиромашните села

Авионот удрил во планина

Индонезискиот авион удрил во планина. Оваа претпоставка и официјално е потврдена, откако претходно анонимни извори даваа слични претпоставки за тоа што би можело да се случи со авионот што во саботата исчезна од радарите.

Лошите временски услови ги отежнуваат напорите на спасувачките тимови да ги извлечат телата на жртвите
Лошите временски услови ги отежнуваат напорите на спасувачките тимови да ги извлечат телата на жртвите

Жители на провинцијата Папуа на крајот од истокот на Индонезија известиле дека авионот  што во саботата исчезна со 54 патници, се срушил на тоа подрачје, изјави официјално лице од компанијата „Тригана ер“. Според информациите, авионот што во саботата исчезна од радарите, удрил во планина. Оперативниот директор Бени Сумарјанто изјави дека компанијата добила известување за пад на авионот од едно село во близина. Информацијата е потврдена од генералниот директор за авиосообраќај при индонезиското министерство. Тој изјавил дека според исказите на очевидци, авионот удрил во планина.

Авионот го пронашле жители на селото. Според нив, индонезискиот авион удрил во планина. Во тек е  процедура за верификација, изјавил директорот.

Авионот го изгубил контактот со контролата на летот, половина часа по полетувањето од аеродромот Сентани во престолнината на Папуа, Џајапури, на летот до Оксибил, кој што требало да трае околу 45 минути.