Tелата на дваесеттина имигранти најдени во морето меѓу Мароко и Шпанија

Телата на околу дваесет имигранти од субсахарска Африка се извлечени во саботата од морето во близина на Мароко, откако ги забележал шпански брод, соопшти во неделата портпаролката на префектурата на шпанската енклава Мелила.

Имригрантите ги забележал екипажот на траектот „Sorrola“ и ги известила спасувачките екипи на двете земји. Процениле дека станува збор за тела на „околу дваесет“ луѓе. Жртвите од морето ги извлекле марокански спасувачи во нивните територијални води, прецизира портпаролката.

Мароко сѐ уште не ги објави точните податоци за бројот на жртвите.

Малку подоцна, патрола на Цивилната гарда открила тело на уште еден имигрант кое е префрлено во Мелила, шпанската енклава на северот од Мароко. Хеликоптер на Цивилната гарда продолжил и во неделата потрага по имигранти, давајќи поддршка на мароканските патроли.

Имигрантите од супсахарска Африка сѐ почесто ја користат ткн Шпанска рута за доаѓање во Европа. Од почетокот на годинава, во Шпанија преку морето пристигнале 1279 имигранти, а во Италија 4.256 луѓе, според податоците на Меѓународната организација за имиграции (IOM).

Од почетокот на годинава во морето исчезнале 243 луѓе, бројка којашто не ги опфаќа најновите жртви од саботата.