Телефони поврзани со изборната кампања на Харис биле цел на кинески хакери

Телефоните на лица поврзани со кампањата на демократската претседателска кандидатка Камала Харис биле цел на кинески хакери кои пристапиле до системите на американскиот провајдер за широкопојасен интернет „Verizon“, изјави во петокот лице запознаено со ситуацијата.

Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп и неговиот потпретседател ЏејДи Ванс, исто така, биле мета на хакери, пишуваат медиумите, а агенцијата Reuters пишува дека не можела да ги потврди.

Весникот The News York Times објави дека истражителите се обидуваат да утврдат какви информации биле украдени од Трамп и Вaнс.

Друг американски весник The Wall Street Journal на почетокот на октомври објави дека кинески хакери наводно пристапиле до мрежите на американските провајдери на широкопојасен интернет и добиле информации од системите што ги користи федералната влада за прислушувања овластени од судовите.

Предизборниот штаб на Трамп беше известен оваа седмица дека Трамп и Венс се меѓу лицата од и вон администрацијата чиишто телефонски броеви биле цел на хакери по инфилтрацијата во телефонскиот систем на „Verizon“, додава NYT.

Кампањата на Трамп не потврди дека телефоните на Трамп и Венс биле цел. Стивен Чеунг, директор за комуникации на кампањата, рече дека потпретседателкаа Харис ги охрабрила Кина и Иран да ја нападнат американската инфраструктура за да го спречат Трамп да се врати во Белата куќа.

Кинеската амбасада во Вашингтон не одговорила веднаш на барањето на Reuters за коментар, ниту, пак, одговорил предизборниот штаб на Харис.

Кампањата на Трамп била хакирана претходно оваа година. Американското Министерство за правда ги обвини за нападот тројца членови на иранската Револуционерна гарда, обвинувајќи ги дека се обиделе да ги попречат претседателските избори на 5-ти ноември.

Американското Федералното биро за истраги (FBI) и Американската агенција за кибернетичка безбедност и инфраструктура (CISA) во петокот соопштија дека истражуваат неовластен пристап до комерцијалната телекомуникациска инфраструктура стекната од поединци поврзани со Кина. Во заедничкото соопштение на двете служби не се наведени целите во инцидентот.

Од „Verizon“ објавија дека се свесни за софистициран обид за пристап до американските телекомуникации и собирање податоци. Најголемата американска телекомуникациска компанија додаде дека соработува со полицијата.